Германскиот интернационалец Месут Озил ќе биде нов фудбалер на турскиот гигант Фенербахче. Како што информираат медиумите од Турција, тој на шест месеци пред истекот на договорот со Арсенал се договорил за трансфер во Фенербахче и се сложил за верност на 3,5 години.
Озил беше „под мраз“ во Арсенал откако Микел Артета одлучи воопшто да не го користи во тимот наводно поради неговиот непрофесионален однос. Од друга страна, Озил беше убедливо најплатениот фудбалер во составот со неделна плата од 350.000 фунти.
Германецот дојде во Арсенал во 2013 година за тогаш рекордни 42 милиони фунти што „топчиите“ го платија на Реал Мадрид. Озил имаше одлични релации со Арсен Венгер и беше еден од најдобрите фудбалери, но неговата ситуација значително се промени по доаѓањето на Микел Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













