Connect with us

Месут Озил го напушта Фенербахче?

Месут Озил сака да го напушти Фенербахче, објави „АС“. Германскиот фудбалер го напушти Арсенал во јануари и потпиша тригодишен договор со Фенербахче, но не се снајде во новиот клуб. Тој го пропушти крајот на минатата сезона поради повреда и коронавирус, а сега размислува за нов трансфер.


Озил планира да го напушти Фенербахче во следниот преоден рок, а клубови од САД и од Катар веднаш покажаа интерес за него. 32-годишниот играч одигра 15 натпревари за турскиот клуб и постигна еден гол.

Тој ги помина најславните денови во кариерата во Арсенал, за кој постигна 44 гола и забележа 77 асистенции на 254 натпревари. Играше и за Реал Мадрид, Вердер и за Шалке 04. За Германија одигра 92 натпревари, постигна 23 гола и беше светски шампион во 2014 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови