
Лионел Меси одлучи кариерата да ја продолжи во американскиот клуб Интер Мајами. Тој заминува од Париз, а во првото интервју откако ја заврши сезоната на „Паркот на принцовите“ истакна дека воопшто не уживал во изминатите две сезони.
„Имав две години кога бев толку несреќен на лично ниво што не уживав. Го имав тој месец кој заврши спектакуларно поради освојувањето на Светското првенство, но освен тоа, тоа беше тежок период за мене. Сакам повторно да откријам што е радост, да уживам со семејството, да уживам во денот. Периодот поминат во ПСЖ не беше таков“, изјави Меси во интервју за „Мундо Депортиво“.
Тој имаше понуда да се врати во Барселона, но ја одби поради стравот клубот повторно да се мачи со неговата регистрација во Ла Лига. Исто така, имаше и огромна понуда вредна 1,2 милијарди евра од Ал-Хилал, но не сакаше да живее во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
