
Целиот свој фудбалски живот го мина во Барселона, е сега е приморан да замине од „Камп Ноу“. Барселона е во финансиска криза и се појави нерешлив проблем, клубот не може да го регистрира за новата сезона. Тоа не го дозволува Ла Лига.
Лионел Меси дојде на „Камп Ноу“, на прес – конференција да каже збогум и уште по првиот чекор на бината потекоа солзи.
„Сакав да останам дома, во Барселона, во овој наш дом. Ова е многу тешко да се издржи, јас не сум подготвен за ова. Никогаш не помислував дека ќе заминам на ваков начин. Секогаш мислев дека ќе биде тоа пред преполн „Камп Ноу“, да ги поздравам нашите фанови кои толку многу ме поддржуваа во текот на кариерата“, изјави Меси низ солзи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski