Пари Сен Жермен не е една од опциите, туку следниот клуб на аргентинската ѕвезда Лионел Меси во кариерата. Тој ќе потпише тригодишен договор, ќе заработува 35 милиони евра по сезона, но ќе добие и 25 милиони евра како бонус за потписот. Третата година од договорот е опционална, доколку и двете страни се задоволни од претходната соработка.
Лионел Меси веднаш откако кажа збогум на „Камп Ноу“ ќе се упати во Париз. „Л’Екип“ открива дека во текот на денешниот ден тој ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, а уште утре ќе биде претставен како ново засилување. Во вторник ќе се појави и на Ајфеловата кула, слично како што тоа го направи и Нејмар по доаѓањето од Барселона во Париз.
Меси сакаше да остане во Барселона, но Ла Лига не дозволи клубот да го лиценцира за новата сезона затоа што каталонскиот гигант е премногу задолжен, а буџетот преоптоварен со годишните плати на фудбалерите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













