Connect with us

Меси со емотивно видео: Ова е трофејот што го посакувавме, Марадона нѐ поддржа од рајот

Лео Меси го освои трофејот што му недостигаше и сега е вистински бог на Аргентина, рамо до рамо со легендарниот Диего Марадона. На Инстаграм тој објави емотивно видео во кое вели дека негов сон бил пехарот од Светското првенство.


„Од Грандоли до Светското првенство во Катар минаа речиси триесет години. Речиси три декади фудбалот ми дава радост, но понекогаш и тага. Секогаш сонуивав да бидам светски шампион и никогаш не сакав да престанам да се обидувам, дури иако бев сведен дека можеби нема никогаш тоа да се случи.

Овој Мундијалл го освоивме за сите тие кои не успеаја на претходните, како тој во 2014 во Бразил. Тогаш, сите го заслужија бидејќи се бореа до самиот крај, работеа напорно исто како мене. Сега заслуживме ваков епилог.

Секако, тука беше и Диего, кој нè поддржа од рајот. За сите тие кои ја поддржуваа репрезентацијата, негледајќи ги само резултатите, туку и желбата и посветеноста која ја дававме, дури и во моменти кога не ни одеше.

Секако, тука е и нашата одлична група, стручен штаб, сите репрезентативци и луѓе кои работат во позадина за да ни олеснат нам. Неуспехот е често дел од патувањето и учењето, а без разочарување е невозможно да се постигне успех. Ви благодарам од срце. Напред Аргентина!“, напиша Меси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови