
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси е подготвен да се врати во Барселона ова лето. 35-годишниот Аргентинец не сака да остане во францускиот клуб по истекот на неговиот договор.
Сепак, Меси има еден главен услов за да се врати на „Камп Ноу“ – дефанзивецот Жерар Пике мора да го напушти каталонскиот тим. Односот меѓу фудбалерите многу се влоши во последните години.
Според шпанските медиуми, тие не ни зборувале за време на последната сезона на Меси во Барселона.
Аргентинската ѕвезда сезонава за ПСЖ на 11 натпревари постигна шест гола и забележа осум асистенции.
Меси ја напушти Барселона во летото 2021. Во составот на Каталонците одигра 520 натпревари на кои постигна 474 голови и имаше 216 асистенции. Лео освои 35 титули и исто така стана седумкратен освојувач на „Златната топка“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
