Фудбалерите на Аргентина ја совладаа селекцијата на Порторико со убедливи 6-0 во пријателски натпревар.
Оваа репрезентација, која се наоѓа на 155. место на ФИФА ранг-листата, беше лесен залак за Меси и неговите соиграчи. Алексис Мекалистер и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола, а Лео Меси запиша две асистенции. Со овие две додавање, Меси стана играч со најмногу асистенции во историјата на машкиот национален фудбал. Со вкупно 60 асистенции, тој ги надмина претходните рекордери, Бразилецот Нејмар и легендарниот американски репрезентативец Лендон Донован, кои имаа по 58.
Веќе во 14. минута, по акција во која Меси ја погоди пречката, топката се одби до Нико Гонзалес кој шутираше, но Мекалистер ја насочи во мрежата за 1-0.
Во 23. минута, Меси на свој препознатлив начин ја подигна топката преку одбраната на противникот, а Монтиел со волеј-удар зголеми на 2-0.
До крајот на првото полувреме, Мекалистер постигна уште еден гол за 3-0.
Во второто полувреме продолжи голеадата – Ечаверија во 64. минута постигна автогол, а потоа на сцена стапи Лаутаро Мартинез. Во 79. минута погоди по асистенција на Нико Гонзалез, а во 84. по фантастично додавање со петица од Меси, Лаутаро прецизно погоди во далечниот агол за конечни 6-0.
Навистина би било штета Меси да се откаже од настап на Светското првенство, бидејќи е очигледно дека сè уште има што да покаже и да понуди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













