Скандал изби за време и по натпреварот на Интер Мајами против репрезентацијата на Хонг Конг. Локалните навивачи збеснаа бидејќи не добија шанса да ја видат на дело големата ѕвезда на светскиот фудбал Лионел Меси.
Интер Мајами пред 40.000 гледачи го победи Хонг Конг со 4-1, но Меси и Луис Суарез останаа на клупата за резерви.
Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, беше исвиркан од целиот стадион кога излезе на теренот за да им се заблагодари на навивачите.
По натпреварот, навивачите кои го следеа натпреварот во живо си ги побараа назад парите за скапите билети.
Цената на билетите се движеше меѓу 100 и 600 долари.
„Не може Меси и Суарез да дојдат во Хонг Конг и да не одиграат ниту една минута. Мора да ни ги вратат парите што ги дадовме за билети“, реагираа дел од навивачите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













