Лионел Меси ќе потпише нов договор со Барселона до крајот на неделава. Каталонските медиуми категорично тврдат дека се исполнети сите услови и предуслови за официјализирање на новиот договор со аргентинската ѕвезда.
Меси ќе потпише петгодишен договор, но ќе помине уште две сезони во Барселона, а потоа по завршувањето на Светското првенство во Катар, по сезоната 2022/23, ќе замине во Америка како амбасадор на клубот.
Исто така, откупната клаузула на Меси ќе се намали од 700 на 600 милиони евра, што сигурно никој нема да може да ги плати, а капитенот се согласи на значително пониски приходи.
Меси во иднина ќе заработува 20 милиони евра по сезона, бидејќи само така Барселона може да остане во редовните рамки на финансискиот фер-плеј. Планот е да заработи повеќе во втората сезона, а покрај тоа има и се уште непознати дополнителни бонуси.
Конечниот договор меѓу Хоан Лапорта и Хорхе Меси падна во понеделникот, а новиот договор се очекува да биде официјализиран до викендот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal