Барселона најверојатно ќе биде без главната ѕвезда Лионел Меси на вечерашниот финален натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао. Тренерот Роналд Куман најави дека Аргентинецот има „одредени проблеми“ и самиот ќе одлучи дали ќе биде во составот. Поради тоа не беше во тимот и на претходниот полуфинален меч против Реал Сосиедад што каталонскиот тим го доби на пенали.
„Меси ќе ја донесе одлуката, тој најдобро го познава сопственото тело. Сите се надеваме дека ќе може да помогне, но тој има одредени проблеми со физичката подготвеност. Меси мора да биде стопроцентно подготвен, не е ова последниот натпревар во сезоната“, изјави Куман.
Суперкупот на Шпанија поради пандемијата на коронавирусот наместо во Саудиска Арабија се игра во Севилја по формат на фајналфор. На турнирот учествуваат првите две екипи од првенството и финалистите на минатогодишниот Куп на Шпанија.
Барселона во полуфиналето го елиминираше Реал Сосиедад, а Атлетик Билбао беше подобар од Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













