Аргентинската ѕвезда Лионел Меси блесна во полн сјај на дербито меѓу ПСЖ и Манчестер Сити (2-0) на „Паркот на принцовите“. Тоа е прв гол за Меси во дресот на ПСЖ, а вели дека ќе биде уште многу подобро кога ќе се навикне на тимот. Се разбира, претходно две децении беше во Барселона, потребно е малку време за да се прилагоди.
„Многу посакував да постигнам гол и навистина сум среќен. Одигравме добар меч, а мислам дека ќе биде уште многу подобро за мене кога ќе се навикнам на новиот тим. Работиме напорно и верувам дека ќе имаме многу успеси“, изјави Лионел Меси по првиот гол во дресот на ПСЖ и триумфот над Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













