Connect with us

Меси: Јас сум единствениот Аргентинец кој не доби признание од клубот за освоениот Мундијал

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси минатата година го освои Светското првенство додека беше член на Пари Сен Жермен, практично единственото нешто што го чекаше кон крајот на кариерата.


Денеска е член на Интер од Мајами, а која е причината за заминување од Пари Сен Жермен?

Тешко е да се зборува за тоа, но Меси откри за „валканите игри“ на клубот од Париз.

„Јас сум единствениот играч од нашата Аргентина кој не доби никакво признание во својот клуб по освојувањето на Светското првенство“, изјави Лионел Меси.

Веројатно причината е што во финалето Аргентина ја совлада Франција за која играа неколку играчи на Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови