
Лионел Меси ја освои наградата за најдобар светски фудбалери во изборот на ФИФА за 2023 година и покрај тоа што новинарите убедливо гласаа за Ерлинг Халанд.
Беа спроведени четири одделни гласања, при што секое придонесуваше со 25% од вкупниот резултат.

Халанд, исто така, беше на врвот на гласовите меѓу селекторите на националните тимови, но Меси беше на врвот во гласањето спроведено од капитените на националните тимови.
Секој селектор и капитен гласаа за тројца играчи, доделувајќи му по пет поени на првиот избор, три на вториот и еден на третиот. Интересно е дека ниту Благоја Милевски ниту Енис Барди не гласаа за Лео Меси.
Четвртото гласање беше отворено за јавноста, а навивачите го направија својот избор преку FIFA.com. Меси убедливо победи на ова гласање.
Сепак, во комплетното гласање, Меси и Халанд беа изедначени со по 48 поени, додека Килијан Мбапе беше трет со 35 поени. На крајот, според регулативите за изборот на наградата „The Best“ на ФИФА, при израмнети бодови победник е оној што добил повеќе гласови од директните актери, капитените на националните тимови.
Критериумите за избор на ФИФА за наградите за 2023 година беа засновани на достигнувањата во периодот од 19 декември 2022 година до 20 август 2023 година.
Наградите во 2022 година го опфаќаа Светското првенство на ФИФА во 2022 година, кое заврши на 18 декември.
Сепак, веројатно е дека многу гласачи сè уште беа под влијание на подвизите на Меси во Катар 2022 година, каде што постигна седум гола и три асистенции во победничката кампања на Аргентина од седум натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
