
Интер Мајами одигра само нерешено 1-1 на домашен терен против Торонто во 7. коло од МЛС. Двата тима постигнаа голови во самиот финиш на првото полувреме – гостите поведоа преку Федерико Бернардески во 45+3 минута, а домаќините израмнија со погодок на нивната ѕвезда Лионел Меси во 45+5 минута.
Среќата им ја сврте грбот на гостите во 17. минута, кога ударот на Теодор Корбеану заврши во левиот дирек.
Интер Мајами можеше да дојде и до победа, но прво Луис Суарез промаши празен гол, а во судиското продолжение и Фафа Пико шутираше над голот од околу два метра.
Со ова реми, Интер Мајами го изгуби првото место во Источната конференција и сега е втор со 14 бодови, но со еден натпревар помалку од лидерот Колумбус Кру. Торонто останува без победа од почетокот на сезоната и е на 14. место со само три освоени бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Понуда од Катар за Лука Модриќ

Евро-фудбал
Нов гол за Елиф Елмас, реми за Торино
