Connect with us

Меси ги „смрзна“ фановите: Ова е една од моите последни битки…

Лионел Меси е една од најголемите легенди на фудбалот. Тој дефинитивно ќе биде запомнат како одличен играч кој беше пример за многумина и ги радуваше милионите фанови низ целиот свет.
Крајот на кариерата на аргентинската ѕвезда е блиску, како што самиот тој навести по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Копа Америка со Канада, кој „гаучосите“ го добија со 2-0, при што Меси постигна еден од головите.

„Да, свесен сум дека овие се моите последни битки… целосно им се радувам. Не е лесно повторно да бидеш во финале, треба да уживаме во секој момент“, изјави Меси.

Овие негови зборови ги загрижија многумина, бидејќи тоа веројатно значи дека крајот на кариера на легендарниот Аргентинец е на повидок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови