Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, објави дека финалето против Колумбија во понеделник ќе биде неговиот последен натпревар на Копа Америка.
Аргентина ја победи Канада со 2-0 во полуфиналето на турнирот и си обезбеди барем сребрен медал. Меси ја освои Копа Америка во 2021 година, а во 2022 година во Катар беше крунисан и како светски шампион со националниот тим.
„Ова беше тежок турнир за Аргентина. Тимовите играат сѐ порамноправно. Исто така, видовте дека има лоши терени и многу високи температури. Ова е моето последно учество на Копа Америка. Во Катар последен пат игравме со Ди Марија и со Отаменди на Светско првенство, а сега уживаме во нашите последни натпревари заедно и на Копа Америка“, истакна Лионел Меси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













