Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси е повреден и нема да настапи за ПСЖ овој викенд. „Светците“ утре му гостуваат на Реимс, тим кој моментно се наоѓа на 17. место на табелата.
Аргентинецот го постигна единствениот гол за ПСЖ во ремито (1-1) против Бенфика во Лигата на шампионите и испиша историја во елитното клупско натпреварување постигнувајќи гол против 40 различни ривали. Сепак, тој мораше да го напушти теренот на десет минути пред крајот поради болки во потколеницата.
Ден по натпреварот со Реимс, медицинската служба на ПСЖ ќе направи нова проценка на неговата здравствена состојба.
Според првите информации настапот на Меси на Мундијалот не е доведен во прашање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













