Искусниот фудбалер на Наполи, Дрис Мертенс, на кого на лето му истекува договорот со клубот, би можел да се врати во ПСВ Ајндховен.
Како и во случајот со капитенот Лоренцо Инсиње, чии финансиски барања за продолжување на договорот не се усвоени, Мертенс на лето би можел бесплатно да си замине од Наполи.
Инсиње веќе се договори со Торонто, а Мертенс би можел да биде помалку егзотичен, но и многу практичен, имајќи предвид дека веќе настапуваше на „Филипс Арената“ од 2011 до 2013 година.
Мертенс во Наполи е веќе деветта година и веројатно доаѓа до заситување. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Наполи, откако го собори рекордот на големиот Диего Армандо Марадона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













