Агентот Жорге Мендеш најави дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, нема да се врати во Спортинг во летниот преоден рок. Клубот од Лисабон ја освои португалската лига за првпат по 19 години и се пласираше во Лигата на шампионите, а мајката на Роналдо, Долорес Авеиро, изјави дека ќе се обиде да ја убеди суперѕвездата да се врати во матичниот клуб.
Но, агентот Мендеш негираше можно враќање на Роналдо во Спортинг.
„Кристијано е среќен и горд поради титулата на Спортинг, како што јавно покажа. Но, во моментот, Португалија не спаѓа во неговите планови за иднината“, истакна Мендеш.
Лошата форма на „старата дама“ придонесе за целата неизвесност околу иднината на ветеранот. Постои можност поранешниот италијански првак, следната сезона да игра во Лига Европа по катастрофалната дебитантска сезона за Пирло, што природно би резултирала со финансиска криза за клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













