Connect with us

Мемфис Депај во јануари доаѓа во Јувентус

Напаѓачот на Барселона Мемфис Депај од јануари ќе игра во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми. Холанѓанецот претходно ја одби понудата на Севилја, па Јувентус се чини како најдобра опција за него во моментот.


Цената е 10 милиони евра кои „старата дама“ ќе може да ги плати без проблем.

Депај ќе се испроба во италијанскиот фудбал по настапот во Премиер – лигата и во Ла Лига. Тој беше дел и од францускиот шампионат.

Оваа сезона 28-годишниот напаѓач запиша само 131 минута во дресот на каталонскиот гигант.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови