
Манчестер Јунајтед би можел да остане без првата ѕвезда на тимот доколку Кристијано Роналдо најде соодветен клуб до крајот на летниот трансфер прозорец. Португалецот не се согласува една сезона да остане без Лигата на шампионите. Сепак, тоа може да значи и враќање на Мемфис Депај на „Олд Трафорд“.
Холанѓанецот беше најавен како големо засилување кога се пресели во Манчестер од ПСВ во 2015 година за сума од 30 милиони фунти. Нему му припадна и легендарната „седумка“, но Холанѓанецот тогаш не се снајде и само година и пол подоцна беше продаден на Лион.
Сега има 30 години, но дека е одличен играч докажа и минатата сезона во Барселона. Постигна 13 гола за Каталонците, а сигурно ќе беа повеќе доколку немаше проблеми со повредите.
Со доаѓањето на Рафиња и на Левандовски, како и останувањето на Дембеле и враќањето на Ансу Фати, јасно е дека ќе нема доволно простор за Депај.
Неговиот договор со Барса има важност и следната година, а јасно е дека и Каталонците би биле „задоволни“ да го продадат за барем малку да ги санираат финансиските рани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
