Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај, нема да игра на денешниот првенствен натпревар против Кадиз, откако заработи повреда и не учествуваше на последниот тренинг на тимот на Диего Симеоне, соопштија од клубот.
Мемфис Депај има истегнување на мускулите на двете нозе поради прекумерна работа во последните денови. Тој беше подложен на опсежни лекарски прегледи, кои открија дека има повреда на потколеницата на десната нога.
Тој ќе оди на физиотерапија и клубот ќе го следи развојот на неговата повреда за да процени кога ќе може да се приклучи на тренинзите на тимот, објави Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













