Connect with us

Мекалистер: Ливерпул повторно покажа победнички карактер

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер, го изрази своето задоволство од настапот на тимот при тешката победа над Брајтон со 2-1 на „Енфилд“. „Црвените“ примија гол во првиот напад на противникот во втората минута, но, сепак, успеаја да стигнат до трите бода по уште еден пресврт во сезоната.


„Не почнавме како што сакавме, но беше одличен натпревар. Игравме против неверојатен тим. Ги познавам многу добро, знам што можат да направат. Беше тежок натпревар, но на крајот победивме и среќни сме“, прокоментира Мекалистер.

„Би сакал да не примевме гол толку рано, но природата на тие моменти е неверојатна. Сепак, потоа покажавме победнички карактер. Токму тоа ви треба кога губите со 0-1“, изјави Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови