
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт, се врати на тренинзите по четиримесечно отсуство од терените. Играчот за врска се здоби со повреда на потколеницата, но се враќа за одлучувачките натпревари на „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.
Јунајтед му плати на Челси 60 милиони фунти летото за Маунт, но тој имаше само дванаесет настапи пред да заработи повреда на тренинг.
Сепак, сè уште не е јасно дали Мејсон Маунт ќе му биде на располагање на менаџерот Ерик тен Хаг за претстојното дерби со Ливерпул на „Олд Трафорд“ в недела. Многу поверојатно е дека нема да се ризикува со состојбата на Маунт и тој официјално да се врати на теренот по репрезентативната пауза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
