
Комисијата за натпревари на ФФМ, на седницата одржана на ден 16.05.2025 година, донесе одлука со која го поништи натпреварот од 28. коло од Втора МФЛ меѓу Кожуф и Башкими, одигран на 06. мај 2025 година во Гевгелија.
Натпреварот го евидентира како одигран, бодовите од натпреварот не се доделуваат на ниту една екипа, постигнатите голови не се евидентираат и не влегуваат во евиденција на дадени голови на фудбалерите.
Комисијата, имајќи го предвид Правилникот за натпреварување, но и етичкиот аспект на случајот, со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и зачувување на угледот на фудбалот како спорт, ја донесе оваа одлука со која се настојува да се избегне какво било легитимирање на неспортски и неетички дејствија, кои се спротивни на вредностите на Фудбалската федерација на Македонија.
Одлуки од Дисциплинска комисија на ФФМ
Дисциплинската комисија на ФФМ по пријава на Дисциплинскиот инспектор поведе дисциплински постапки за недозволено влијание на исход и тек на натпревар по член 72 – Наговарање против:
Пепи Ѓоргиев – спортски директор на ФК Кожуф;
Славчо Ѓеоргиевски – шеф на стручен штаб на ФК Кожуф;
Напоменуваме дека случајот не е затворен.
Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот, поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот.
Отворена постапка се води и за: Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
