
Реал Мадрид стигна до значајна победа на гостувањето кај Вилјареал (1-2), преземајќи го врвот на табелата, барем привремено, од Барселона, која има два натпревари помалку.
„Кралевите“ беа предводени од Килијан Мбапе, кој со два брзи гола ја одлучи судбината на мечот. Вилјареал дојде до водство уште во седмата минута преку Хуан Фојт, но Реал брзо одговори. Мбапе погоди двапати во шест минути и направи целосен пресврт уште во првото полувреме.
Второто полувреме донесе контроверзи, бидејќи гостите бараа пенал по игра со рака во казнениот простор на Вилјареал, но судијата остана на својата одлука. И покрај тоа, Реал ја задржа предноста и стигна до важни три бода.
Сега, тимот на Карло Анчелоти го чека исходот од дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, кое ќе одреди дали ќе остане лидер. Во следното коло, „кралевите“ ќе играат на домашен терен против Леганес, додека Вилјареал, кој останува на петтото место со 44 бода, ќе се обиде да се врати на победнички патеки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
