
Килијан Мбапе денеска се појави во базата на Пари Сен Жермен и ги започна подготовките за новата сезона. Тој и останатите репрезентативци имаа подолг одмор, поради што дел од нив дури сега се вклучија во активностите.
Од клиповите на социјалните мрежи може да се види дека Мбапе е расположен и се поздравува со своите соиграчи, меѓу кои и Нејмар. Имаше стравувања дека поради неговото одбивање да потпише нов договор меѓу Французинот и некои од конкурентите, може да дојде до тензија, но засега таква тензија нема.
Во новата база на парижаните денеска пристигнаа и Данило Переира, Фабијан Руиз, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати, Кејлор Навас и Марко Асенсио, кои почнаа да тренираат.
За четири дена, избраниците на Луис Енрике ќе ги започнат пријателските натпревари со мечот против Ле Авр. Екипата потоа оди на турнеја во Јапонија, каде ќе се соочи со Ал-Наср (25 јули), Серезо Осака (28 јули) и со Интер (1 август).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
