
Француската ѕвезда Килијан Мбапе беше главна тема во завршницата на летниот преоден рок, со оглед дека Реал Мадрид инсистираше да го купи, а ПСЖ не сакаше да одговори на повиците на „кралевите“.
Шпанскиот клуб му понуди на ПСЖ за Мбапе и 160 милиони евра, но „светците“ одбија и тој остана на „Паркот на принцовите“ иако договорот му истекува по завршувањето на сезоната.
„Барав да го напуштам клубот ова лето бидејќи во тоа време не сакав да го продолжам договорот, и мислев дека клубот можеби е добро да заработи и да донесе квалитетна замена. Не ми се допаѓа она што го рекоа дека побарав да си заминам кон крајот на август. Ме натераа да се чувствувам како крадец “, рече Мбапе.
Тој нема потпишано нов договор со ПСЖ, а неговиот сегашен истекува следното лето, па сега е сосема јасно дека ќе го напушти клубот како слободен играч.
„ПСЖ е клуб кој ми даде многу. Секогаш бев среќен, секо момент од четирите години во клубот ми беше среќен. Го објавив моето заминување доволно рано за клубот да има време да се подготви. Луѓето велат дека сум одбил шест или седум понуди за продолжување, тоа не е точно, штом реков дека сакам да заминам, се беше јасно. Бев искрен и го кажав тоа доволно рано “, додаде Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
