Килијан Мбапе нема да учествува на Олимпијадата во Париз, тврди шпанскиот „Cope“. Причината е што идниот клуб на напаѓачот, Реал Мадрид, сака да го има во текот на целите летни подготовки и нема да дозволи да отсуствува во август.
Игрите во француската престолнина ќе се одржат од 26 јули до 11 август. Мбапе во неколку наврати изјави дека сака да им помогне на „петлите“ на олимпискиот турнир, но се чини дека тоа нема да се случи.
Трансферот на ѕвездата во Реал Мадрид сѐ уште не е официјално објавен, но се очекува тоа да се случи за неколку дена.
„Кралевите“ инсистираат Мбапе да биде дел од подготовките на тимот од самиот почеток и брзо да соработува со новите соиграчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













