Connect with us

Мбапе му ветил само една работа околу ПСЖ на Ал-Келаифи

Фудбалската јавност уште една сезона со интерес следи што се случува околу Килијан Мбапе, чиј договор со Пари Сен Жермен истекува за неколку месеци. Напаѓачот силно се поврзува со Реал Мадрид, но тој веќе еднаш се откажа од договор со Шпанците.


Претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи прави многу напори да се обиде да го убеди повторно да остане во Париз, но дури и тој тешко може да ја контролира ситуацијата.

Шпанскиот спортски весник „АС“ тврди дека во оваа фаза Мбапе само му ветил на својот шеф дека прв ќе го информира за неговата конечна одлука. Станува збор за вербален договор меѓу двајцата, кога во летото 2022 година фудбалерот се согласи да остане.

Мбапе веќе покажа дека нема намера да се помири со влијанието на медиумскиот притисок и ултиматумите. Пред извесно време се појави информација дека Реал Мадрид му дал рок до 15 јануари да потпише преддоговор со клубот. Сепак, од тој датум веќе поминаа три недели, а тој нема јавно соопштено дали ќе им се приклучи на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови