
Килијан Мбапе зборуваше по поразот на Франција (1-2) од Шпанија во полуфиналето на ЕВРО 2024. Тој призна дека ривалот беше подобар.
„Шпанија играше подобро од нас. Ќе треба да го погледнеме натпреварот повторно за да разбереме дали навистина има голема разлика меѓу двата тима. Ни постигнаа два брзи гола и во второто полувреме имавме шанси да се вратиме во играта, но не успеавме. Што се однесува до играта без маска, го прашав докторот дали можам да го сторам тоа и тој ми рече дека можам да правам што сакам“, изјави Мбапе.
Французинот беше критичен кон својата игра на турнирот, иако направи одлична асистенција во натпреварот против Шпанците, по што неговиот тим водеше во краток период на стартот од мечот.
„Мојот турнир беше неуспешен. Сакав да бидам европски шампион, но не станав. Тоа е фудбалот. Треба да продолжиме понатаму. Помина долга година и ќе одам да се одморам, што многу добро ќе ми дојде. Немав никакви физички или психолошки проблеми. Не може да го правите фудбалот премногу компликуван. Или си добар, или не си добар. Јас не бев добар и се враќаме дома. Потоа тргнувам кон нов живот“, додаде Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
