
На една од најголемите трансферни саги во историјата на фудбалот конечно треба да дојде крај ова лето. Килијан Мбапе (25) доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч и ќе потпише петгодишен договор со „кралскиот клуб“. Веста ја потврдија сите водечки светски медиуми, а се очекува Реал Мадрид официјално да ја објави дури кога ќе биде целосно јасно дека ПСЖ и мадридскиот клуб оваа сезона повеќе не можат да се сретнат во Лигата на шампионите.
Британскиот „Би-Би-Си“ сега открива дека Мбапе ќе заработува 15 милиони евра по сезона во Реал Мадрид, што всушност не е толку многу во споредба со другите играчи на Реал. Според достапните извори, Лука Модриќ во Реал има плата од речиси 22 милиони евра годишно, а во моментов најплатен е Тони Крос со годишна плата од 24,3 милиони евра.
Други извори тврдат дека Французинот ќе има нешто повисока основна плата, на исто ниво како и Џуд Белингам, кој заработува 20,8 милиони евра по сезона.
Сепак, само за потпишување на договорот, Мбапе ќе заработи дополнителни 150 милиони евра како бонус што ќе му биде исплатен за време на траењето на договорот, што ја зголемува неговата вкупна заработка во Реал на, според поконзервативна проценка, на 45 милиони евра годишно.
Дополнително, Французинот ќе добие и процент од продажбата на артикли и дресови кои го носат неговото име, па тешко е да се даде конечна проценка колку вкупно ќе заработи.
Исто така, интересно е да се истакне дека Мбапе ќе го носи бројот „10“ во Реал само доколку капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ замине.
Според тоа, Мбапе ќе заработи многу пари во Реал Мадрид, но сепак помалку од претходно во ПСЖ, што укажува на тоа дека неговата одлука била водена од фудбалски, а не од финансиски причини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
