Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ја презеде вината за елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето во Лигата на шампионите. Францускиот гигант го загуби и реваншот со Борусија Дортмунд со 0-1 на „Паркот на принцовите“ и го заврши учеството.
Среќата не беше на страната на парижаните, кои пропуштија еден куп шанси и погодија четири стативи. Сепак, Мбапе ја презеде вината главно на себе.
„Се обидов да му помогнам на тимот на најдобар можен начин, но тоа не беше доволно. Кога зборуваме за ефикасноста во нападот, јас сум првиот што ја преземам вината. Јас сум момчето од кое се очекува да дава голови. Јас треба да ги решавам натпреварите, но овојпат не успеав. Таков е животот и треба да гледаме напред како тим. Секако дека сме разочарани. Сакавме да играме во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Мбапе.
„Моравме да бидеме многу поефективни во двете фази од играта. Тие беа подобри во тој поглед. Разочарани сме и поради навивачите и нашите роднини. но таква е ситуацијата“, додаде напаѓачот.
„Мислам дека не бевме премногу самоуверени. Ако не можеме да се мобилизираме за да победиме, кој ќе го направи тоа за нас? Никој. Мислам дека не е тоа проблемот. Бевме целосно опуштени, како што бевме од почетокот на сезоната, но ова е фудбал, не треба да го фрламе сето она што го постигнавме поради еден пораз“, истакна Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













