Дојдоа Лео Меси, Серхио Рамос, Донарума, Вајналдум, Хакими, тука се и Нејмар, Маркињос, Ди Марија, Верати, но, сепак, Килијан Мбапе има други сништа. Тој не сака да игра во „тимот на соништата“ на Пари Сен Жермен туку да го облече дресот на Реал Мадрид.
Како што информира шпанскиот „Ел Чирингито“, Мбапе барал итна средба со раководството на ПСЖ и најавил дека сака да си замине веќе ова лето. Францускиот ас смета дека сега е вистинското време за тој да го напушти Париз и да се пресели во „кралскиот клуб“. Од друга страна, ПСЖ секако би заработил само во случај Мбапе да направи трансфер до крајот на овој преоден рок.
Реал Мадрид во тој случај би платил околу 150 милиони евра за неговата преселба на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













