Ѕвездeното ново засилување на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го одржа првиот тренинг со тимот на Реал. Ова се случи вечерва – само неколку часа по враќањето на тимот од американската турнеја. Напаѓачот не беше во САД, бидејќи доби одмор поради учеството на Европското првенство.
Сега за првпат се сретна со повеќето од своите нови соиграчи, а потоа се приклучи на тренингот што се одржа во фитнес салата.
Таму беа и Џуд Белингам и други репрезентативци кои исто така не патуваа во САД.
Día 1. ¡HalaMadrid! 🤍🤍🤍 @realmadrid pic.twitter.com/bJ8XHT2GNp
— Kylian Mbappé (@KMbappe) August 7, 2024
„Кралевите“ веќе се подготвуваат за натпреварот за Суперкупот на Европа, кој ќе се одржи точно за една седмица (14 август) против Аталанта во Варшава.
Четири дена подоцна, Реал Мадрид ја почнува новата сезон во шпанската Ла Лига со гостување кај Мајорка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













