Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе, користеше навредливи зборови на адреса на Роберт Левандовски за време на натпреварот меѓу Франција и Полска на Европското првенство 2024. Во 88. минута, при еден дуел меѓу нив, Левандовски случајно го закачи Мбапе со рака, по што Французинот веднаш се пожали на дејствијата на Полјакот.
Мбапе потоа ја симна заштитната маска и го нарече Левандовски „кучкин син“. Зборовите на францускиот репрезентативец беа фатени од ТВ камерите.
По натпреварот, тензијата меѓу двајцата брзо беше смирена и тие се прегрнаа.
Натпреварот во Дортмунд заврши 1-1, со тоа што Мбапе постигна гол од пенал за Франција, а Левандовски израмни исто така од белата точка за Полска, која сепак го напушта турнирот.
Од следната сезона, Мбапе и Левандовски ќе бидат ривали и на клупско ниво, играјќи за Реал Мадрид и Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













