
Саудискиот клуб Ал-Хилал не застанува во намерата да обезбеди нова суперѕвезда во нападот. Откако Килијан Мбапе рече „не“ на неверојатната понуда од 700 милиони евра за една сезона, сега раководството на Ал-Хилал се насочи кон Антоан Гризман.
„Мундо Депортиво“ објави дека Ал-Хилал му понудил 40 милиони евра годишна плата на Французинот.
Сепак, агентите на Гризман претходно одбија уште една понуда од Саудиска Арабија која дојде од Ал-Наср со образложение дека фудбалерот сака да остане во Европа.
Договорот на Гризман со Атлетико Мадрид е со важност до јуни 2026 година.
32-годишниот фудбалер минатата сезона забележа 48 настапи за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 18 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal