
Маурисио Покетино е новиот селектор на САД. Федерација реши 52-годишниот Аргентинец да го замени Грег Берхалтер. Веста е официјално објавена на сицијалните мрежи на федерацијата.
Покетино потпишал договор за следните две години.
Покетино станува десеттиот селектор на САД во последните 14 години и првиот странец кој ќе ја предводи репрезентацијата по Јирген Клинсман. Германецот беше на чело на тимот во периодот од 2011 до 2016 година.
Тој ќе има задача да изгради селекција која адекватно ќе ги претставува Соединетите Американски Држави на претстојното Светско првенство во 2026 година, на кое се еден од ко-домаќините.
Introducing… #USMNT Head Coach Mauricio Pochettino 🇺🇸
— U.S. Soccer Men's National Team (@USMNT) September 10, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
