
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матeус го поддржува Матијас Замер за селекторската позиција на германската репрезентација, по разделбата со претходниот стратег Ханси Флик.
„Знам дека Замер е целосно подготвен да ја преземе репрезентацијата. Тој во последно време гледа фудбал секој ден. Може да се справи со карактерот на играчите”, категорично изјави светскиот шампион од 1990 година.
Флик доби отказ од Фудбалската федерација на Германија по минатонеделниот пораз од Јапонија (1-4) во пријателски натпревар. Ова е трет последователен пораз за Германците во 2023 година.
Матијас Замер тренерската професија не ја практикува од 2005 година кога беше на чело на Штутгарт. Со германскиот тим триумфираше на ЕВРО 1996 година, а на клупски план беше шампион во Бундес – лигата со Штутгарт и со Борусија Дортмунд.
„Замер може да обезбеди нов импулс за тимот. Матијас е идеалниот кандидат, тој го претставува сето она што и недостига на репрезентацијата во овој момент“, изјави Матеус за ДПА.
Џулијан Нагелсман, кој беше на кормилото на Баерн Минхен, како и Австриецот Оливер Гласнер, кој го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до трофејот во Лига Европа во 2022 година, се меѓу кандидатите за следен селектор на Германија.
Германците ќе бидат домаќини на ЕВРО 2024, а натпреварите ќе се играат во Берлин, Минхен, Штутгарт, Дортмунд, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг, Келн, Диселдорф и Гелзенкирхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
