Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус изјави дека англиските играчи и навивачи „ја заслужиле траумата“ поради поразот од Италија во финалето на Европското првенство по изведување пенали. Сето ова поради лошото однесување за време на целиот турнир.
Англија загуби со 2-3 на пенали од Италија на „Вембли“ во Лондон, во финалето на Европското првенство. Во изјава за „Спорт Билд“, Матеус рече дека не е воодушевен од однесувањето на некои навивачи.
„Англиските навивачи беа непријателски расположени кон девојчето во дресот на германската репрезентација. Тие ги исвиркуваа химните на своите противници. Данскиот голман Каспер Шмајхел беше попречен со ласер за време на пеналот, кој Англија го доби откако Рахим Стерлинг симулираше во полуфиналето”, изјави Матеус.
„Додадете го на тоа расистичкото однесување кон сопствените фудбалери по финалето. Жал ми е за фудбалерите, но Англија си ја заслужи траумата по финалето“, дополни легендарниот германски фудбалер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













