Connect with us

Матео Ковачиќ од лето се сели во Милан?

Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ ќе си замине од Челси ова лето, пренесуваат англиските медиуми. Неговиот договор истекува на крајот од наредната сезона, а нема индикации дека соработката би можела да продолжи. Сепак, Ковачиќ има некои други опции, и тоа да се врати во Серија А.


Играчот за врска се најавува како можно засилување за Милан следната сезона. Доколку Ковачиќ навистина се пресели на „Сан Сиро“, тоа ќе биде контроверзен трансфер откако три сезони (од 2012 до 2015 година) го носеше дресот на градскиот ривал Интер и може да предизвика гнев кај нивните приврзаници.

Ковачиќ претходно беше поврзуван со трансфер во Манчестер Сити, но се чини дека сега е многу поблиску до враќање во Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови