Connect with us

Мартин Брајтвајт оди „под нож“

Фудбалерот на Барселона, Мартин Брајтвајт ќе мора да го оперира левото колено бидејќи конзервативниот третман на повредата не даде ефект, пренесуваат шпанските медиуми.


Брајтвајт во наредните денови ќе биде опериран, а по операцијата, поточно ќе се знае кога ќе може да се врати на терените.

Данскиот напаѓач се повреди на натпреварот против Хетафе пред репрезентативната пауза, а се проценува дека сигурно нема да биде на теренот до крајот на календарската година.

Оваа информација пристигнува само еден ден пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите и доаѓањето на Баерн Минхен на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови