Францускиот напаѓач Антони Марсијал не размислува за заминување од „Олд Трафорд“. Тој ја одбил понудата на италијанскиот првак Интер да се пресели на „Џузепе Меаца“ ова лето. Иако конкуренцијата во нападот на „црвените ѓаволи“ е огромна, сепак, Марсијал смета дека може да се наметне кај менаџерот Оле Гунар Солскјер и да се избори за место во тимот.
Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок го ангажираше англискиот репрезентативец Џејдон Санчо, а Солскјер во навалната линија ги има и Мејсон Гринвуд, Маркус Рашфорд и Единсон Кавани. Ова не му гарантира голема минутажа на Марсијал, но тој сепак сака да остане на „Олд Трафорд“ и да го одработи договорот кој има важност до јуни 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













