Connect with us

Марсело стравично му ја скрши ногата на противникот (Вознемирувачко видео)

Марсело (35), легендата на Реал и еден од најтрофејните фудбалери во историјата, се врати во Флуминенсе. Играјќи за него, тој сериозно го повреди својот ривал Лусијано Санчез од Аргентинос Јуниорс во натпревар од Копа Либертадорес.


Во 58. минута Марсело невнимателно со сета сила згазна на подадената нога на противникот во обид да дрибла. Следуваше страшна скрешница, а Аргентинецот врескаше од болка.


Се чини дека Марсело ненамерно го повреди противникот, но сцената со неприродно ротираната нога на Санчез е навистина ужасна. Марсело веднаш беше исклучен, а теренот го напушти плачејќи и стискајќи ја главата.


По тешката несреќа, легендарниот Бразилец објави статус на Инстаграм каде го следат повеќе од 64 милиони луѓе.


„Денес го доживеав најтешкиот момент на теренот. Ненамерно повредив колега фудбалер. Лусијано Санчез ти посакувам сѐ најдобро, брзо закрепнување и сета сила на светот“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови