Часови по инцидентот помеѓу Марсело и тренерот на Флуминенсе, клубот објави дека се разделува со познатиот поранешен репрезентативец на Бразил. Според официјалната информација, договорот е раскинат по взаемна согласност, иако по правило требаше да истече на крајот од декември.
36-годишниот Марсело влезе во конфликт со тренерот Мано Менезеш при обид за негов влез на теренот во последните секунди од натпреварот против Гремио. Се гледа како тренерот го прегрнува дефанзивецот, но во еден момент, видливо незадоволен, се повлекува и ја откажува замената, наредувајќи му на играчот да се врати на клупата.
По натпреварот, Менезеш одби да соопшти какви зборови точно си размениле со Марсело.
„Сакав да го пуштам Марсело, но потоа слушнав нешто што не ми се допадна, поради што ги сменив плановите и пуштив друг играч“, изјави тренерот.
Со ова, поранешниот играч на Реал Мадрид сега е слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













