
Главниот извршен директор на Интер, Џузепе Марота, го нападна напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, поради неговото заминување од актуечниот шампион во Серија А. Во интервју за “Ил Кориере дела Сера”, Марота го нападна Лукаку, тврдејќи дека го напуштил Интер поради пари.
“Лукаку беше продаден за 115 милиони евра, а ние го доведовме Џеко бесплатно. На теренот нема голема разлика. Лукаку замина со цел да заработува двојно поголема плата. Во Италија, овие бројки се невозможни. Денес не можеме да направиме важни инвестиции, не би смееле да го ангажираме Лукаку за 75 милиони евра. Ни требаат намалени и конкретни инвестиции”, откри Марота.
Да потсетиме дека “сините” повторно го ангажираа Белгиецот од Интер во летниот преоден рок, поставувајќи нов клупски трансфер рекорд. 28-годишниот фудбалер постигна гол на своето второ деби за Челси против Арсенал, а потоа, се запиша во листата на стрелци и против Астон Вила. Но оттогаш, тој нема постигнато погодок во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер му постави ултиматум на Чалханоглу

Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Спартак Варна
