Џузепе Марота стана еден од најуспешните извршни директори во италијанскиот фудбал во последните години. Прво имаше многу успешен период во Јувентус, а сега работи повеќе од одлично и во Интер.
Тој даде интервју за „ДАЗН“ во кое откри интересен податок од престојот кај „бјанконерите“. Тогаш тој бил против доведување на Кристијано Роналдо во клубот.
„Морам да признаам дека поминав 10 неверојатни години во Јувентус, но кога шефовите решија да ја променат стратегијата на работа, тогаш морав да направам чекор назад. Оваа одлука на клубот ја прифатив како нормална. Имавме несогласувања околу потписот на Роналдо, со тоа што јас донекаде не се согласувам со тоа. Како играч има непобитни квалитети, но оваа зделка бараше премногу финансиски средства. Не си заминав по избор, едноставно нашиот циклус заврши и дојде време за промена“, откри Марота.
Роналдо помина три години во Јуве каде го предводеше тимот до две титули во Серија А и една Куп на Италија. За „бјанконерите“ забележа 134 настапи, постигнувајќи 101 гол и 22 асистенции.
Марота се раздели со Јувентус на крајот на октомври 2018 година, а само неколку месеци подоцна беше доведен во Интер. Токму тој ги постави темелите на составот кој моментно доминира во Серија А и лани стигна до финалето на Лигата на шампионите. Претходно, „нероаѕурите“ го освоија и „скудетото“ во 2021 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal