
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, е фудбалерот со најголема вредност во светот во моментот, според Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС). Алгоритамот на ЦИЕС ја пресметува вредноста на фудбалерите на трансфер – пазарот според моментната форма, но и висината и траењето на актуелниот договор со клубот.
Рашфорд има договор до 2024 година со Манчестер Јунајтед и вредност од 165 милиони евра. Второрангиран на оваа листа е норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд кој го носи дресот на Борусија Дортмунд. Тој има вредност од 155 милиони евра. На третата позиција е десниот бек на Ливерпул и англиски репрезентативец, Трент Александер Арнолд (151 милиони евра), а во првите пет се и Португалецот Бруно Фернандеш (151 милиони евра) и Килијан Мбапе (149 милиони). Вредноста на Французинот значително падна со оглед дека му остануваат уште 18 месеци од актуелниот договор со Пари Сен Жермен.
Во првата „десетка“ има место и за Џејдон Санчо, Жоао Феликс, Алфонсо Дејвис, Рахим Стерлинг и Каи Хаверц.
Лионел Меси едвај влезе меѓу првите 100, се наоѓа на 97. позиција, но поради тоа што на лето му истекува договорот со Барселона. Кристијано Роналдо е рангиран дури на 131. позиција на листата на ЦИЕС.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Матеја Масев потпиша професионален договор со Црвена Звезда

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
