Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред трансфер од Наполи во бундеслигашот Лајпциг. Неговата преселба треба официјално да се реализира во првите денови на 2024 година, со отворањето на зимскиот преоден рок.
Сите детали од вчера се договорени, Елиф Елмас ќе потпише договор до 2028 година, а Наполи ќе добие отштета од 25 милиони евра.
Тренерот на Лајпциг, Марко Росе, даде одреден коментар за новиот трансфер на Лајпциг.
„Добиваме играч каков што му недостига на Лајпциг. Имаме многу добри фудбалери кои умеат со топката, Емил Форсберг, Чави Симонс, Кристоф Баумгартнер и Фабио Карвалјо, но немаме конкретен фудбалер кој е добар во играта „еден на еден“ и може да игра на крилните позиции и во средниот ред“, изјави Марко Росе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













